МОСТ започна со регрутација на набљудувачи за предвремените парламентарни избори
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во функција на спроведување фер и слободни избори во Република Македонија, Граѓанската асоцијација МОСТ за набљудување на изборниот процес и денот на гласањето ќе ангажира околу 3.300 набљудувачи на целата територија на Република Македонија.
За таа цел, МОСТ ги повикува граѓаните, лично, да се пријават во 18те регионални канцеларии, низ целата држава. Регионалните канцеларии на МОСТ за граѓаните ќе бидат отворени од 10 до 18 часот. Податоците со контакт информации за регионалните канцеларии ќе можат да се пронајдат на интернет страницата на МОСТ.
За пријавените граѓани ќе биде организирана специјална обука, а истите потоа ќе бидат распоредени на гласачките места како набљудувачи.
Набљудувач во мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ може да биде секој граѓанин со право на глас, кој е подготвен непартиски, непристрасно и објективно да го набљудува процесот и да известува за наодите. При селектирањето на набљудувачите предност ќе имаат оние кои во веќе биле ангажирани како набљудувачи на МОСТ на претходните изборни процеси.
Како и изминатите години така и оваа, Граѓанската асоцијација МОСТ проектот го спроведува согласно меѓународно признатите стандарди за домашно набљудување на изборите.
Извор: Макфакс