Можни нови мерки – автобусите ќе возат со половина капацитет, ништо нема да работи по 23 часот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ограничување на бројот на патниците во јавниот превоз на 50 проценти, забрана за секакви настани и крај на работното време на сите субјекти во 23 часот, се новите дополнителни мерки за кои се размислува да бидат предложени до Владата овој понеделник, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Целта на овој пакет-мерки ќе биде да се намали ширењето на вирусот без директен респираторен контакт бидејќи сè поголем број од новозаразените не знаат каде и од кого се заразиле.
„Одржавме состанок заедно со Комисијата за заразни болести утрово, ги разгледаме околностите со пандемијата, некои епидемиолошки податоци од анкетите. Состојбата во болниците е таква што целосно е спремна модуларната болница до Инфективната клиника, иако сè уште нема таму сместено пациенти. Во однос на бројките, еве гледаме и насекаде во регионот се зголемуваат дијагностицираните случаи со очекуваниот есенски бран“, рече Филипче.
Еден пакет рестриктивни мерки е веќе предложен до Владата, потребно е да се направат законски измени и Собранието идната недела да го изгласа. Тоа се пакет-мерките за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за домашни посети на повеќе од четири лица.
Извор: Макфакс