Можни сценарија: Што ако Грците гласат „да„ или „не“ | Правдико

Правдико

   

Можни сценарија: Што ако Грците гласат „да„ или „не“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ројтер ги разгледува можните сценарија што ќе се случи во Грција на политички план, доколку Грците на престојниот референдум гласат со „да“ или „не„ или референдумот не успее.

5de93a92-8ba4-419d-8e92-743cf6041ffb-eurozone-greece
Слаба излезност на референдумот
Референдумите не се правно обврзувачки во Грција и на нив се гледа како на „процес за консултација“. Минимум излезност што е потребна за успешност е 40%. Доколку овој праг не се постигне, референдимот нема да се смета за консултативен, и едноставно нема да има никакво значење.

Позитивен одговор на референдумот
Грчката Влада изјави дека ќе го почитува резултатот од референдумот, иако ќе ги поттикнува Грците да кажат „не“ на предложениот (од кредиторите) план за спас. Но, аналитичарите велат дека политички би било скоро невозможно Владата да спроведе програма на која толку силно ѝ се спротиставувала. Во таков случај премиерот Алексис Ципрас веројатно ќе поднесе оставка и ќе бидат свикани нови избори.

Влада на „националното единство“
Поддршка за планот за спас од страна на гласачите не значи автоматски предвремени избори, дури и ако доведе до распаѓање на Владата.
Ако Ципрас поднесе оставка, претседателот може да им даде мандат на опозициските партии да формираат малцинска влада. Така, една евентуална коалиција на центристичката То Потами, левоцентристичката ПАСОК и конзервативната „Нова демократија”, ќе треба да го исполни планот за спас, што би бил одобрен од Грците.

Последен пат кога Грција флертуваше со референдум – во 2011 година, поранешниот премиер Папандреу беше соборен од власт, откако се откажа од спроведувањето на референдумскиот одговор. Технократската влада што дојде на власт, спроведе избори следната година.

Негативен одговор на референдумот
Според грчки официјални лица, негативен одговор на референдумот ќе ја засили позицијата на Владата при преговорите со кредиторите, иако понудата за планот за спас истече на 30 јуни. Можно е ваков развој на настаните да ја затвори вратата за дополнителна помош од кредиторите, и најверојатно ќе го забрза излегувањето на државата од Еврозоната.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико