Можност за потврдување на помошни објекти, оранжерии и објекти за примарна обработка
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Законот за земјоделското земјиште, не постојат одредби со кои се овозможува потврдување на бесправно изградени помошни објекти, оранжерии и објекти за примарна обработка на земјоделски производи на градежно земјиште.
Имајќи во предвид дека голем број на басправно изградени објекти со оваа намена се наоѓаат во границите на важечка урбанистичко планска документација и истите на можат да се лагализираат согласно законите од областа на градежништвото се предлага дополнување на Законот за земјоделското земјиште, со одредби со кои ќе се предвиди постапка преку која ќе се овозможи потврдување на помошни објекти, оранжерии и објекти за примарна обработка на земјоделски производи изградени на градежно земјиште. Истовремено со предложените дополнувања на законот се овозможува запишување на правото на сопственост во катастарот на недвижности на бесправно изградениот објект додека земјиштето под објектите во катастарот на недвижности ќе се запише како земјоделско земјиште.
Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделското земјиште се заснова на истите цели како и Законот за земјоделското земјиште и тоа:
– заштита на земјоделското земјиште и развој на земјоделството,
– рационално користење на земјоделското земјиште како ограничен ресурс,
– користење на земјоделското земјиште согласно својата намена и спречување на неговото загадување.
– Целта на предлог законот преставува давање на правен основ за потврдување на бесправно изградени објекти на градежно земјиште.
Целиот текст на предлог измените можете да ги превземете ТУКА