МРТВ ќе ги поништи одлуките за субвенции на музичарите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Актуелниот Закон за поддршка на домашната продукција е тешко применлив и не ја исполнува функцијата за која е донесен, беше заклучено на вчерашниот состанок меѓу претставниците на министерството за култура и Македонската радио телевизија.
Целта на состанокот беше да се разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на законот.
Исто така, констатирано е дека Македонската радио телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на вториот и третиот квартал од 2017 година.
Преставниците на Министерството за култура и МРТ се договорија во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција.
Извор:Макфакс