МТСП: Исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита | Правдико

Правдико

   

МТСП: Исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 5 јануари 2021 година (вторник) започнува исплатата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита (сите парични прва) за месец декември 2020 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитурите на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–  05.1.2021 (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

–  08.1.2021 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 5 јануари 2021 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Партнери на Правдико