Правдико

   

МТСП: Компаниите да им исплатат К-15 на вработените

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за труд и социјална политики ги повикува компаниите да ги почитуваат обврските утврдени со Закон и со Колективен договор меѓу кои е и исплатата на  К-15 до крајот на годината.

„Исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) е право коешто е утврдено со спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор од областа на стопанството. Во спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач“, потсетуваат од Министерството.

Од таму ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот иснпекторат за труд – 15 131.

„Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно со Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон“, велат од МТСП.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико