МТСП: Пензионерите во јануари ќе добијат зголемување на пензијата од 134 до 185 денари | Правдико

Правдико

   

МТСП: Пензионерите во јануари ќе добијат зголемување на пензијата од 134 до 185 денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пензионерите со јануарската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кои во второто полугодие од 2020 година во однос на првото полугодие истата годинa изнесуваат 1,2 %, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од таму наведуваат дека зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 185 денари на ниво на просечна пензија и 134 денари на ниво на најниска пензија.

Редовното законско усогласување на пензијата се врши два пати во годината од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот, што обезбедува одржување на економската вредност и куповната моќ на пензијата.

Почнувајќи од 2019 година, покрај редовното усогласување, се предвидува и дополнително усогласување во случај доколку домашниот бруто-производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4 %.

Покрај овие два начина на усогласување, од 2020 година, врз основа на одлука од страна на Владата, може да се изврши уште едно дополнително усогласување во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година повеќе од 15 % и пораст на просечната плата во претходната година повеќе од 5 %.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико