МТСП: Стечајните работници задоволни од измените на законот | Правдико

Правдико

   

МТСП: Стечајните работници задоволни од измените на законот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска се сретна со Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението на стечајни работници- УНИТ и регионалните координатори на здружението.

Oд Министерството за труд и социјална политика соопштија дека претставниците на стечајните работници изразиле задоволство поради измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна на МТСП.

Владата минатата недела ги усвои измените и предлог-законот е веќе во собраниска процедура. Согласносо ,,Законот за стечајци’’, којшто беше донесен во септември 2017 година, досега се издадени решенија на 2732 стечајни работници. МТСП соопшти дека со овие измени ќе бидат опфатени дополнителни 1.900 лица.

„Со усвоените измени и дополнувања на законот се олеснуваат потребните услови утврдени со постојниот закон, кои се однесуваат на  стекнување на правото на материјално обезбедување доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со  доминантна  сопственост  на  државата се приватизирало, под услов единствениот матичен број на субјектот да не е променет од моментот на засновањето на работниот однос во тоа претпријатие, до неговиот престанок“, велат МТСП.

Истовремено, додаваат дека е дадена поголема флексибилност со условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице  (најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи), со тоа што истата сега се исполнува не од моментот на стапување во сила на постојниот закон, туку во моментот на поднесување на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико