Му договорија ли партиските лидери наследник на Марко Зврлевски?
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Mожно е Марко Зврлевски повеќе да не биде прв човек во Јавното обвинителство и на негово место да дојде друг, независен јавен обвинител, како што бара опозицијата и што според некои сигнали веројанто е и веќе договорено.
Ова може да се насети и од изјавата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е обвинет и во „Пуч“ и во „Поткуп“, кој во одговор на новинарско прашање, дали по постогнувањето на договор пред јавноста ќе бидат објавени пред јавноста материјалите од преостанатите „бомби“ или тие ќе заминат во историја, рече дека тие докази ќе бидат процесуирани до „независниот нов јавен обвинител“.
„Не. Прво ќе бидат процесуирани до независниот нов јавен обвинител, собраниската комисија ќе ги отвори случаите и дебатата за сите овие случаи може да биде отворена на сите можни нивоа. Ние ја ветивме целосно Вистината за Македонија и таа вистина ќе допре до граѓаните во целост“, рече Заев.
На директно прашање од „Мета“, дали во разговорите, политичките лидери веќе постигнале договор за наследник на Марко Зврлевски“, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов вели дека таков договор нема и дека тоа прашање има споредно значење во однос на главното, договорот за форматот на преодната влада, без Груевски во неа.
– Не влегуваме во никакви договори за другите содржини од договорот од 2 јуни, додека не ја договориме предоната влада – вели Шилегов за „Мета“.
Во врска со изјавата на Заев, тој вели дека одговорот на опозициониот лидер всушност кажал како и на кој начин ќе бидат објавени материјалите за „Монструм“, „А1 телевизија“ и други, за кои постои голем интерес во јавноста, откако ќе биде постигнат политичкиот договор меѓу СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.
Извор: Мета.мк