Му го искршиле автомобилот додека чекал на семафор со неговото дете
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четириесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека синоќа на крстосницата од бул. Кузман Јосифовски Питу со бул. Јане Сандански, додека со неговиот малолетен син биле запрени во неговото возило на црвено светло на семафорите, две лица со тврди предмети го оштетиле возилото и се обиделе физички да го нападнат.
Според пријавеното, едното лице вперило и пиштол кон него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Извор: Макфакс