Му го украле автомобилот додека пазарувал во маркет на Рузвелтова
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На скопјанец му го украле автомобилот додека пазарувал во маркет на улица Рузвелтова во Скопје.
Според информациите од МВР, вчера во 22 часот во Полициската станица Центар, Д.Г.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот пред маркет на улица Рузвелтова непознат сторител украл автомобил „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.
Според пријавата, сопственикот на возилото го оставил автомобилот да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и избегало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс