Му го украле возилото додека пазарувал во месарница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тетовец останал без своето возило додека пазарувал во месарница. Кражбата се случила денеска изутрина околу 8:10 часот, кога Р.Ј. (57) од Тетово пријавил дека непознат сторител го одзел неговото возило „тојота“, кое го оставил пред месарница на тетовскиот зелен пазар, со клуч во бравата.
Крадецот влегол во возилото, го стартувал и побегнал во непознат правец. Според полицијата, на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.600 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и крадецот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс