Му се слоши на Тони Јакимовски, со итна помош е пренесен на Клиниката за неврологија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Кривичниот суд го одложи денешното рочиште за предметот со масовното прислушување „Таргет-Тврдина” поради влошената здравствена состојба на обвинетиот Тони Јакимовски.
Во судот веднаш пристигна екипа на брза помош, којашто, како што соопшти судијката Џенета Бегтович, по паузата, му измерила висок крвен притисок и слабост на левата рака. Судијата нa претходна постапка Седат Реџепагиќ донел решение по констатацијата на итната медицинска помош, а по барање на адвокатот на Јакимовски, веднаш обвинетиот да биде пренесен кај лекар специјалист за неврологија.
Претходно обвинетиот Јакимовски го испрашуваше сведокот Звонко Костовски. Следното рочиште е закажано за 19 април.
Извор: Макфакс