Му зела 46 илјади денари и му ветила легализација на земјиште
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поднесена е кривична пријава против М.Р. (36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавената му ветила и го довела во заблуда Е.А. од Струмица дека може да ја заврши целокупната процедура околу трансформација, легализација и прибавување на документација за сопственост на дворно земјиште на викенд-куќа лоцирана во Нов Дојран.
Пријавената за услугата побарала да и` бидат уплатени на нејзина сметка 46.000 денари. Оштетениот ја уплатил сумата, но истата не ја извршила ветената услуга.
Извор: Нова Македонија