Муса Џафери ќе поднесе кривична пријава против Слободан Богоевски | Правдико

Правдико

   

Муса Џафери ќе поднесе кривична пријава против Слободан Богоевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вицепремиерот за рамковни прашања, Муса Џафери, за „Порталб“ изјави дека подготвува кривична пријава против поранешниот шеф на тајната полиција Слободан Богоевски, за неговите обвинувања дека тој и лидерот на партијата, Али Ахмети, се вмешани во скандалот за „Маѓар телеком“.

dojcetelekom-640x320

Обвинувањата против мене, кои се однесуваат дури и на организирање убиства, се сериозни и тешки.

Станува збор за прашања од лична природа и ќе тужам за клевета. Тој ќе мора сите овие работи да ги докаже пред нашите институции“, изјави џафери.

Според сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна полиција, Али Ахмети и Муса Џафери примиле по 2,5 милиони евра мито од „Маѓар телеком“, а Џафери бил замешан и во убиството на еден од посредниците во оваа операција.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико