Муслимански проповедник од Босна осуден на 20 години затвор во Австрија | Правдико

Правдико

   

Муслимански проповедник од Босна осуден на 20 години затвор во Австрија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Муслиманскиот проповедник Ебу Тејма, по потекло од БиХ е осуден на 20 години затвор поради припадност на терористичка организација и регрутирање на млади борци за групацијата Исламска држава.

01E2048CBA32F54BAE53D3A9B671C704

Јавниот обвинител изјави дека 34-годишниот Тејма „им ги испрал мозоците“ на десетици лица на возраст меѓу 14 и 30 години и оти регрутирал голем број од нив за џихадистичката организација во Сирија.

Обвинителството тврди дека Тејма ја напуштил БиХ и дошол во Виена по распадот на поранешна Југославија, каде проповедал во разни австриски и јужногермански градови и станал клучна фигура за поттикнување на пропагандата на ИД.

Тој е уапсен за време на пресметката меѓу полицијата со австриската џихадистичка мрежа во 2014 година.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико