Правдико

   

МВР: 500 евра казна за скопјанецот кој со спреј го нападна Груевски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопјанецот кој со спреј го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ќе треба да плати 500 евра казна откако полицијата најави дека против него ќе поднесе прекршочна пријава по член 4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и член 80 од Законот за оружје.

Станува збор за 36-годишниот Р.Р од Скопје кој синоќа на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, кој се одржа од на плоштадот „Јадран сквер“, прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината во време кога говорел Груевски. Напаѓачот околу 21,55 часот бил приведен во ПС-Центар.

„Во 22,15 часот во ПС-Центар, Д.Г.(29) од с.Орешани, Скопско, кој бил во публиката во непосредна близина на бината, се пријавил како оштетено лице (испрскан од спреј-солзавец) од страна на Р.Р. Против Р.Р ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и член 80 од Законот за оружје, наедно издаден му е и платен налог во висина од 500 евра“, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико