Правдико

   

МВР бара 27 милиони денари отштета од екс-помошник министерот Поповски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во кривичниот суд во Скопје денеска беа искажани завршните зборови во предметот „Триста“ во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранашен помошник министер во МВР за набавка на триста полициски возила. СЈО побара осудителна пресуда и штета од над 27 милиони денари и судски трошоци.

Обвинетиот Ѓоко Поповски се изјасни дека не е виновен и дека очекува одбивателна и ослободителна пресуда.

Поповски е обвинет од страна на СЈО дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, при што не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот за 453.570 евра. Првото рочиште почна лани во ноември.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико