МВР добило барање од австриската полиција за убиениот напаѓач со македонско потекло | Правдико

Правдико

   

МВР добило барање од австриската полиција за убиениот напаѓач со македонско потекло

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи добило барање од австриската полиција за случајот со убиениот напаѓач во синоќешниот терористички напад во Виена за кој медиумите објавија дека е Албанец со потекло од Северна Македонија.

Во терористичкиот напад беа убиени четворица цивили, а 17 се повредени.

„Австриската полиција преку ‘Европол’ достави барање за соработка и инфромации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува“, велат од МВР.

По објавите во австриските медиуми и министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, потврди дека убиениот напаѓач во Виена има потекло од Македонија и големо криминално досие.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико