Правдико

   

МВР ги идентификува пратениците кои им помогнаа на напаѓачите во Собранието

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи го известило Основното јавно обвинителство дека презело мерки и активности во врска со Наредба за утврдување на целосни лични податоци за седум пратеници во Собранието, соопшти МВР.

На снимките од собраниските безбедносни камери што на 22 мај ги објавија телевизиите „Телма“ и „Алсат-М“ се гледа дека седуммина пратеници ја координирале акцијата за отворање на вратите од Собранието и пуштање на толпата внатре да го нападне пратениците од мнозинството на 27 април. Седумтемина пратеници кои се гледаат на снимките се Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико