МВР ги утврдува причините за превртувањето на сканијата кај Деве Баир | Правдико

Правдико

   

МВР ги утврдува причините за превртувањето на сканијата кај Деве Баир

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

МВР ги утврдува причините поради кои 40-годишниот бугарски возач И.М. изгубил контрола над сканијата што вчера попладне се преврте кај Деве Баир.

Товарното моторно возило марка „рено“ со бугарски регистарски ознаки од засега непознати причини изгубило контрола и се превртело на левата страна.

Сканијата се превртела во банкината на магистралниот пат Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, кај месноста Јанчева кривина, во атарот на село Узем, а увид извршила екипа на Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка.

Како што информираат од Итна медицинска помош Крива Паланка, И.М. добил лесни телесни повреди – исеченици и набиеници по лицето и екстремитетите. По укажаната лекарска помош во здравствениот дом Крива Паланка возачот е пуштен на домашно лекување.

Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка дојавата за незгодата ја примила околу 16.30 часот.

– На самото место се упати една екипа со тројца пожарникари за евентуално извлекување на повредени лица, што не беше неопходно, бидејќи екипата на Итна медицинска помош со санитетско возило го префрлил возачот, единствен патник во камионот, а нашите пожарникари помогнаа во обезбедување на теренот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Камионот превезувал стакло кое при превртувањето не предизвикало дополнителни пречки во сообраќајот.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико