МВР го истражува одлевањето пари од министерството
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Триесет милиони евра од Министерството за внатрешни работи наводно завршиле во приватни фирми и во џебови на поединци, во времето на Гордана Јанкуловска, соопшти министерот Оливер Спасовски, додавајќи дека истрагата за случајот со одлевањето на парите е во тек.
– Соодветните комисии формирани во МВР, во Управата за безбедност и контраразузнавање, во Бирото за јавна безбедност и во Јавното обвинителство, ќе дадат одговор на сите овие прашања – рече Спасовски.
Според него, во сите државни органи треба да се спроведат истраги кои ќе помогнат да се откријат сите злоупотреби кои биле правени, со цел да не се повтори сличен случај.
– Се она што е правено, не само во МВР, туку во сите институции, за тој криминал ќе мора да се сноси одговорност, бидејки таквата одговорност праќа порака на овие раководители кои денес ги водат институциите, дека мораат да се однеусваат одговорно кон граѓаните – изјави министерот.
Извор: Нова Македонија