МВР:Граѓаните да пријават во МВР било каков притисок во текот на изборната кампања | Правдико

Правдико

   

МВР:Граѓаните да пријават во МВР било каков притисок во текот на изборната кампања

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

oliver-spasovski-860x6801Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Секторот за внатрешни работи- Струмица во склоп на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат, но и уште еднаш да потенцира дека не смее да има никакви притисоци врз граѓаните на престојните избори.

-Ниту еден од полициските службеници не смее да учествува во било која партиска кампања ниту да врши било каков притисок. Исто така сите структури, од началник па надоле, треба сериозно да внимаваат на било какви злоупотреби од државната администрација или директори на подрачните единици и доколку се забележи таков случај да се процесуира. Ги повикувам и граѓаните доколку било кој врши притисок од било каков вид во текот на изборната кампања, тоа да го пријави и тоа ќе биде процесуирано. Заради иднината на Македонија е многу важно да имаме фер и кредибилен  изборен процес, а тоа ќе го оствариме само доколку имаме професионално работење од страна на припадниците на МВР од една страна и од друга страна партнерски односи со граѓаните- рече министерот Спасовски.

Препорачуваме

Партнери на Правдико