Правдико

   

МВР и УЈП во заедничка акција, клуч за седум спортски обложувалници

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи во соработка со Управата за јавни приходи вчера извршило контрола во осум спортски обложувалници на подрачјето на СВР Скопје (два) и СВР Тетово (шест). Во акциската контрола чијашто цел била проверка на оперативни сознанија и обезбедување докази против лица – организатори кои нелегално приредуваат игри на среќа во различни објекти, согласно со член 156 од КЗ на РМ (“приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“), од извршените контроли во осум објекти само еден од нив поседувал лиценца за работа (во с.Боговиње-Тетовско). Во останатите седум (две на подрачјето на СВР Скопје и пет на подрачјето на СВР Тетово) констатирано е дека тие работеле нерегуларно, поради што од страна на УЈП им се изготвени записници за извршена контрола и издадени се решенија за забрана за приредување игри на среќа во деловна просторија во рок од 30 дена.

Истовремено известени се надлежните јавни обвинителства во Скопје, Тетово и Гостивар и во консултација со дежурните јавни обвинители дадени се насоки за постапување на полициските службеници и инспекторите од Управата за јавни приходи. Сите објекти од страна на УЈП се затворени и запечатени. За време на контролите од страна на полициските службеници од објектите се одземени 70.500 денари, 305 евра, 100 швајцарски франци, тикети за уплата, билтени, како и опрема: 39 телевизори, 21 куќиште за компјутери, 19 монитори за компјутери, 11 принтери за тикети, три ресивери за телевизија, три принтери и читачи на баркодови, два апарати за трки на кучиња и друго.

„Покрај ова, а во врска со активностите за откривање нелегално организирање на игри на среќа, вчера, по претходно добиена наредба од надлежен суд, беа извршени и два претреси во куќа и стан на подрачјето на СВР. Притоа откриени и запленети беа компјутерска опрема, принтери за тикети, бланко обрасци за уплата на спортски натпревари, писмена евиденција на лица кои уплаќале спортски натпревари, носители на електронски податоци (ЦД, УСБ и др.) и друга придружна документација за водење бизнис со спортско обложување. Во консултација со јавен обвинител МВР работи на целосно документирање на случаите по што против повеќе лица ќе бида поднесени соодветни кривични поднесоци“, информираат од МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико