МВР: Идентификувани лицата кои ја отстраниле барикадата од собранискиот главен влез | Правдико

Правдико

   

МВР: Идентификувани лицата кои ја отстраниле барикадата од собранискиот главен влез

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Скопје, по поднесената кривична пријава од 30.04.2017 против вкупно 15 лица осомничени за сторени кривични дела – „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ и „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ, продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на настаните предизвикани од упадот на граѓани во Собранието на Република Македонија од 27- ми април, при што до надлежното ОЈО дополнително се доставени три посебни известувања околу сознанијата на истрагата за неколку лица.

По извршениот преглед на видео материјалите од безбедносните камери во Собранието идентификувани се лица кои што учествувале во отстранување на претходно поставената блокада на вратата од внатрешната страна од главниот влез на собраниската зграда.

Инаку, претходно ОЈО Скопје побара распишување на Централни расписи за приведување на сите 15 лица за кои постојат основи за сомнение за погоре посочените кривични дела , така што на 30.04 од слобода беа лишени осум лица кои што беа изведени пред Судија на претходна постапка кај петмина од нив изрече мерка притвор во траење од по осум дена, за едно лице мерка домашен притвор, а за две лица мерка – претпазливост.

„СВР Скопје и натаму во координација со ОЈО Скопје интензивно работи на натамошна идентификација на лица коишто биле учесници во немилите настани од 27 април“, пишува во соопштението од МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико