МВР издаде меѓународна потерница за Агим Красниќи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за внатрешни работи објави меѓународни потерници за Агим Красниќи и за Сехат Рамадани, кои викендов избегаа од затворот во Штип. Според информациите на директорот на затворот, Мики Тодоров, Красниќи бил пуштен за викенд, но не се вратил во затворот.
„Беше пуштен за време на викендот. Неколку години веќе го пуштаме за викенди и за годишни одмори, секогаш се враќал на издржување на казната. Но, по овој завршен викенд, тој не се врати во затворот“, изјави вчера Тодоров.
Агим Красниќи и неговата седумчлена кондовска група беа уапсени во 2008 година за нерегуларности и за предизвикување неправилности на тогашните парламентарни избори, неовластено поседување оружје и злосторничко здружување. Кондовската група доби вкупно 50 години затворска казна.
Извор: Макфакс