МВР ја објави потерницата по Филип Секуловски, осомничен за убиството на фудбалерот Јанушев
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.МВР ја објави потерницата по 25-годишниот Филип Секуловски, осомничен за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев. Во листата потраги, покрај сликата од Секуловски и личните податоци, не е наведено за кое дело се бара осомничениот.
По Секуловски се трага со меѓународна потерница кога минатата недела министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изјави дека полицијата има несоборливи докази дека Ф.С. е сторителот на убиството. Филип Секуловски е осуденик, кој бил пуштен на слободен викенд и не се вратил на доиздржување на затворската казна.
Мартин Јанушев беше застрелан со неколку куршуми во главата пред влезот на зградата на неговиот дом во скопски Аеродром. Убиството се случи на 3 ноември.
Извор: Макфакс