МВР ја прошири истрагата за упадот во Собранието
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Скопје достави четири известувања до Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со настаните што се случија на 27 април во Собранието, кои се однесуваат на проширување на кривична пријава и известување со дополнителни дејствија за лица кои се претходно кривично пријавени.
Станува збор за А.З. (63), А.С. (39), В.Ц. (33) и В.Т. (40), сите од Скопје. На информативен разговор било повикан П.Д. (42) од Скопје, кој по извршениот разговор бил ослободен.
СВР Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија во Собранието и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.
Извор: Нова Македонија