Правдико

   

МВР ќе го гони за украден идентитет авторот на „Партиски вработена“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

МВР ќе го гони за украден идентитет авторот на песните со дискриминаторска содржина и говор на омраза, објавени во збирката поезија од проектот Млади поети“, на Агенцијата за млади и спорт. Директорот на Агенцијата, Дарко Каевски соопшти дека полицијата покренува постапка за овој случај.

– МВР покрена иницијатива за крадење на идентиетот на одредено лице , кое во неколку наврати јавно искажа дека тоа го направил. МВР ќе излезе со детали и конкретни дејствија, рече Каевски.

Двете песни „Партиски вработена“ и „Моите соседи“ се потпишани од Даниел Пиљаковски кој демантираше дека тој ги напишал. Пиљаковски изјави дека неговото име било злоупотребено од страна на професорот по математика Александар Блажевски кој јавно призна дека тој е всушност авторот на стиховите, а целта поради коај го направил тоа, како што кажа била опомена за моралните недостатоци во едно општество.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико