MВР: Кривични пријави против 7 лица за инцидентите во Собранието | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

MВР: Кривични пријави против 7 лица за инцидентите во Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во врска со немилите настани што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија на 11.05.2017 година, СВР Скопје поднесе кривична пријава против вкупно седум лица.

Поднесени се кривични пријави против Д.Т. (42), Н.П. (39), Б.Г. (43), сите од Скопје, и против Г.А. (43) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“ по чл. 384  од Кривичниот законик на Република Македонија, а против А.П. (39), И.К. (37) и Н.В. (39), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“  по чл. 385 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавените, на 27.04.2017 година околу 19.00 часот во Собранието на Република Македонија,  откако насилно ги пробиле кордоните од полициски службеници, влегле во сала бр.3 каде се одржувала прес-конференција и ги нападнале пратениците З.З. (42) од Струмица и З.С. (44) од Струга, како и лицето А.Т. (лично обезбедување на З.З.).

Притоа, пријавените Д.Т., Г.А., Н.П. и Б.Г. насилно ги пробиле кордоните од полициски службеници поставени пред Собранието. Потоа Г.А. ги повикал другите присутни да влезат, а Н.П. влегол во сала бр.3, се заканувал и физички го нападнал А.Т. (лично обезбедување на З.З.).

Пријавените А.П., И.К. и Н.В. во прес салата бр.3 го извршиле кривичното дело на начин што А.П. фрлил статив за камера кон присутните пратеници, И.К. физички го нападнал А.Т. и го повредил во пределот на главата фрлајќи кон него со канцелариски стол со метални ногарки, а Н.В. со нога го удирал пратеникот З.С., додека лежел на подот.

Воедно, во врска со настаните, повикани се лицата А.Ш. (22) од Скопје и В.М. (29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл.385 од Кривичниот законик на Република Македонија. По извршените разговори, истите се ослободени.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните што се случија на 27.04.2017 во Собранието на Република Македонија, се вели во соопштението на МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико