МВР: Над 90 полициски службеници од 6 држави се на македонската јужна граница | Правдико

Правдико

   

МВР: Над 90 полициски службеници од 6 држави се на македонската јужна граница

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Над 90 полициски службеници од 6 држави се на македонската јужна граница преку која влегува бегалскиот бран, потврдуваат од МВР.

migranti_25

Полицајци од Србија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Словачка и Словенија веќе се во Гевгелија и заедно со македонските колеги вршат засилен надзор на границата, а од МВР очекуваат многу скоро и Австрија да прати свои полициски службеници.

Денешните нивни активности се намалени затоа што во моментот на балканската рута има застој поради дефект на пруга во Словенија. Според МВР се прошуштаат само бегалци кои имаат потврда на која е наведена финалната дестинација односно држава во Европската Унија каде бегалецот се упатил. Но и бројот на такви бегалци е намален поради тоа што грчките служби не издаваат потврди поради словенечкиот железнички дефект.

Од МВР се уште ги немаат добиено заклучоците од состанокот на земјите од Вишеградската група завршен синоќа во Прага. На таа средба чешкиот премиер предложил резервна гранична контрола на линија Бугарија-Македонија доколку претходната ЕУ граница меѓу Грција и Турција попушти под налетот на многубројните бегалци. Слична идеја промовирал и словенечкиот премиер Миро Церар кој бара поголема европска подршка за Македонија на границата на југ.

И додека се почесто се потенцира идејата македонската граница на југ да стане европска брана од бегалците,  прашање е кога од север Австрија и Германија ќе почнат да применуваат построги мерки на сопствените граници кои се во внатрешноста на шенген просторот.

Единствена реакција на тоа е дефктот на железничка пруга во Словенија кој направи застој на балканската рута. Бегалскиот бран треба да биде тема на посебен самит на Европската Унија, а не на претстојниот февруарски самит- е последната изјава која доаѓа од Брисел. Предлогот доаѓа од врвот, од претседателот на Европската Унија Жан Клод Јункер кој очекува нова бегалска пролет.

Миомир Серафиновиќ

Извор: Телма

Препорачуваме

Партнери на Правдико