MВР: Нападнати полицајци на вчерашниот протест, приведени две лица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата приведе две лица што нападнале полициски службеници на вчерашниот протест.
„На 25.4.2021, од страна на полициски службеници на СВР Скопје, приведени се Д. К. (22) и М. Л. (23) од Скопје затоа што на вчерашниот протест во Скопје со тврди предмети нападнале полициски службеници, кои биле дел од полицискиот кордон“, велат од МВР.
Како што додаваат од полицијата, за случајот известен е јавен обвинител по чии насоки лицата се задржани во полициска станица.
По добиена судска наредба, извршен бил и претрес во домот на М. Л. и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Извор: Макфакс