МВР: Нацист е во домашен притвор на Косово, а не на Шар Планина
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Лажни се информациите дека Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа на Шар Планина заедно со 80 вооружени лица, велат од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
„Во соработка со институциите во Косово, добиена е информација дека лицето Лирим Јакупи-Нацист се наоѓа во домашен притвор во Косово“, се вели во соопштението на МВР.
Некои веб портали деновиве јавија дека на Шар Планина е забележана вооружена група и дека ја предводи токму Лирим Јакупи-Нацист.
Извор: Макфакс