МВР: Од 18 часот денес, посебен сообраќаен режим во Скопје | Правдико

Правдико

   

МВР: Од 18 часот денес, посебен сообраќаен режим во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради денешниот граѓански протест во организација на Здружението на граѓани “Ајде“, кој е најавен за во 18 часот пред Владата на РМ, дел од сообраќајниците во центарот на градот ќе имаат посебен сообраќаен режим.

mvr

Имено, во периодот од 18 часот за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул. “Илинден“ пред Владата на РМ, бул. “ВМРО“, ул. “Васил Главинов“, лево по ул. “Димитрије Чуповски“, потоа улицата “11 Октомври“ (пред Собранието на РМ), ул. “Филип Втори Македонски“ (преку мостот кај “Холидеј Ин“), односно сообраќајниците по кои е најавено движењето на учесниците во протестот. Овој сообраќаен режим ќе биде на сила до завршувањето на протестот, односно се додека постои потреба од сообраќајна регулација.

Препорачуваме

Партнери на Правдико