МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство | Правдико

Правдико

   

МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период почна акција за сузбивање на незаконската појава на позајмување парични средства за несразмерна имотна корист со многу висока камата, позната како лихварство.

Граѓаните може да пријават лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201, и тоа анонимно, односно да споделат корисни информации поврзани со санкционирање на ова кривично дело.

Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин (член 260):

(1) Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени услови, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико