МВР поднесе пријава против градоначалникот на Ново Село
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков (53) за „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик. Според полицијата, тој дозволил на вработени од општината да управуваат службено возило без патен налог и во него да превезуваат изборен пропаганден материјал.
На 25.9.2017 година во 19 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш од страна на сообраќајна патрола при редовна контрола било запрено возило фолксваген голф со струмички регистарски ознаки, сопственост на Општина Ново Село, а управувано од вработен во Општината. Во возилото имало уште двајца општински работници.
„Возачот не поседувал патен налог за управување на службено моторно возило. При извршената контрола било констатирано дека во службеното возило имало изборен пропаганден материјал, кој го натовариле од печатница во Кочани за кандидати за градоначалници на општините Ново Село, Босилово и Василево, од една политичка партија. За настанот бил известен јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка била издадена наредба за претрес на возилото. При претресот, со потврда за одземени предмети, биле одземени 6.000 плакати-изборен пропаганден материјал, а лицата биле лишени од слобода и изведени пред јавен обвинител“, информираат од полицијата.
Извор: Макфакс