МВР: Појаснување во однос на измените на Уредбата за обезбедување | Правдико

Правдико

   

МВР: Појаснување во однос на измените на Уредбата за обезбедување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrИзминативе години Република Македонија се соочуваше со бројни сериозни закани по безбедноста и територијалниот суверенитет и интегритет. Министерството за внатрешни работи реализираше голем број случаи во кои нашата држава беше цел на вооружени групи од соседството. Такви беа акциите: „Планинска бура“, „Диво Насеље“, откривањето и лишувањето од слобода на одговорните за грабежот на Прокредит Банка, операцијата „Пепел“, „Чекан“, случаите „Босфор“, „Дирегент“, „Детонатор“, „Којот“, „Ќелија“ и низа други. Во сите овие акции од слобода беа лишени лица кои долги години наназад вршеле тешки кривични дела.

Сите кои учествувале во планирањето, организирањето, координирањето и реализирањето на сите овие случаи се под одреден безбедносен ризик што го дефинираат службите. Нам не ни требаат дополнителни ризици и инциденти. Мора да делуваме превентивно и да не дозволиме нешто да се случи, за потоа да водиме истраги и да анализираме каде е направен пропустот.

Впрочем со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, е опфатен овој вид на ризик по престанок на функцијата и тоа:

Обезбедување по престанок на функција

„Од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни мерки и активности за обезбедување се обезбедуваат и

– Претседателот на Република Македонија по престанување на функцијата и членовите на неговото потесно семејство согласно закон и

– претседателот на Владата на Република Македонија на кого му престанала функцијата согласно закон.

За овие личности  на кои им престанала функцијата, во случаи кога е оценет висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет, од страна на министерот за внатрешни работи може да се определат вонредни и посебни мерки и активности за обезбедување за времетраење на опасноста.

Покрај овие личности, од страна на министерот за внатрешни работи може да се определат редовни мерки и активности за обезбедување по престанокот на функцијата на претседателот на Собранието на Република Македонија, членови на Владата на Република Македонија, како и на други личности на кои им престанала функцијата во случаи кога е оценет висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет поради преземени определени дејствија во вршењето на нивната функција“.

Со Уредбата за изменување на Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, е направена промена единствено во времетраењето на редовните мерки и активности за обезбедување по престанокот на функцијата, односно мерките за обезбедување ќе се применуваат додека трае опасноста.

Впрочем без разлика на кусиот мандат и техничкиот министер г-дин Оливер Спасовски ја користи оваа Уредба и има побарано и добиено двајца полициски службеници и две возила како обезбедување од Министерството за внатрешни работи.

Извор: МВР

Препорачуваме

Партнери на Правдико