МВР: Пратеникот Димитриевски ги нападнал гостите во ресторанот | Правдико

Правдико

   

МВР: Пратеникот Димитриевски ги нападнал гостите во ресторанот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерствот за внатрешни работи соопшти дека против пратеникот Максим Димитриевски ќе биде поднесна соодветна пријава во врска со синоќешниот инцидент во кумановски ресторан. Според нивните информации најпрво, вработен од ресторанот околу 01 часот пријавил нарушување на јавниот ред и мир.

– Веднаш потоа лицето З.А. телефонски пријавил дека во наведениот ресторан, неговиот син В.А. физички бил нападнат од страна на лицето М.Д. од Куманово, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на лицето при што му нанел видливи повреди. Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле, и му се приближило лицето М.Д. кој исто така бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости го удрил во пределот на лицето два пати со што му нанел телесни повреди – објаснуваат од МВР.

Оттаму додаваат дека при преземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот кои го потврдуваат истиот. Пријавениот настан е расчистен и, како што наведуваат од МВР, против сторителот М.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико