МВР предлага законски измени во однос на употребата на технички средства за видео снимање
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерство за внатрешни работи подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за полиција.
Во образложението се вели дека поаѓајќи од принципот на конзистетност на правниот систем, кој меѓу другото претпоставува прецизни нормативни решенија, Министерството за внатрешни работи пристапило кон допрецизирање на одредбата од Законот за полиција со кои се уредува употребата на технички средства за видео снимање.
Цел на предлог законот е допрецизирање на одредбата на членот 93-а од Законот за полиција, со цел нејина доследна практична имплементација.
Членот 93-а во актуелното законско решение гласи:
„(1) При преземање на дејствија во рамки на полициските овластувања, Полицијата може да употреби технички средства за видео снимање, со кои ќе се обезбеди снимен материјал (видео запис) за начинот на кој се презема дејствието од страна на полициските службеници. (2) Снимениот материјал од ставот (1) на овој член, ќе овозможи унапредување на степенот на основаност на преземените дејствија од страна на полициските службеници, со цел легитимно и соодветно постапување при примената на полициските овластувања утврдени со овој закон.
(3) Снимениот материјал од ставот (1) на овој член, се чува во Полицијата шест месеци, по што материјалот се уништува, освен материјалот што претставува доказ во кривична или прекршочна постапка, со кој се постапува согласно со закон“пишува во актуелниот Закон за полиција.
Извор: еМагазин