МВР: Превентивен проект “Безбедни матурски прослави“ | Правдико

Правдико

   

МВР: Превентивен проект “Безбедни матурски прослави“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одделението за превенција во СВР Скопје, во периодот од 14-16. овој месец, во рамките на Саемот за образование и кариера (во соработка со АД Скопски саем и приватниот колеџ Јахја Кемал) ќе започне со реализација на активности во рамките на проектот “Безбедни матурски прослави“, кој е наменет за учениците од средните училишта во Скопје кои го завршуваат своето образование.

mvr

Активностите ќе започнат на 14.04. во 11.30 часот на Скопски саем (хала III), кога и ќе биде промовирана наведената проектна активност односно од страна на група ученици од “Јахја Кемал“ колеџот на посетителите – матуранти ќе им биде поделен печатен материјал со едукативна содржина.

Целта на активностите во рамките на овој проект е спречување на девијантното однесување на учениците – матуранти за време на матурската вечер (управување на ПМВ без возачка дозвола, под дејство на алкохол, нарушување на ЈРМ, злоупотреба на дрога, алкохол и др.) преку нивна едукација во насока на подобрување на севкупната и личната безбедност на учениците при одржувањето на матурските прослави.

Извор: МВР

Препорачуваме

Партнери на Правдико