МВР: Приведени вкупно 12 лица, полицијата трага по уште осум | Правдико

Правдико

   

МВР: Приведени вкупно 12 лица, полицијата трага по уште осум

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Скопје соопшти дека сè уште се недостапни осум лица за полицијата, кои се осомничени дека учествувале во насилствата во Собранието.

Досега се поднесени кривични пијави за 20 идентификувани лица за нередите во Парламентот. Поднесени се извештаи за организаторите на протестот како и за лицата кои учествувале во отстранување на поставените барикади на вратата од внатрешната страна.

Од судија на претходна постапка на осомничениот В.Н. веќе му е изречена мерка притвор во траење од осум дена. Синоќа во полициската станица во Кисела Вода сам се пријавил и 40 годишниот В.Т. Од 12 приведени, на шестмина им е изречена мерка домашен притвор, за едно лице, домашен притвор, а за две лица, мерки на претпазливост. СВР Скопје продолжува и со детална истрага за откриената импровизирана експлозивна направа на првиот кат во зградата на Собранието.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико