МВР: Првиот човек на единицата ,,Алфа” со полициско возило службено бил во Охрид | Правдико

Правдико

   

МВР: Првиот човек на единицата ,,Алфа” со полициско возило службено бил во Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Првиот човек на единицата „Алфа“, Примислав Димовски, не направил прекршок бидејќи со полициското возило службено бил во Охрид, тврди Министерството за внатрешни работи.

„Во врска со информациите што излегоа во некои медиуми за наводно прекршување на наредбата за користење службени возила во МВР, ве информираме дека Примислав Димовски, началник на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, во согласност со наредбата, а во врска со правилникот за распределба, користење, одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи, има право на 24-часовно користење на службеното возило“, се вели во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека Министерството е запознаено со движењето и користењето на возилото во дадениот случај од страна на началникот и нформираат дека тоа е направено заради извршување службени задачи.

Некои од медиумите објавија дека Примислав Димовски, командант на единицата „Алфа“, изминатиот викенд со службен автомобил „шкода“ престојувал во Охрид, каде што, наводно, требало да присуствува на свадба кај ќерка на свој пријател во еден од угостителските комплекси до езерото.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико