МВР: СЈО бара ангажирање на полициски службеници за физичка заштита | Правдико

Правдико

   

МВР: СЈО бара ангажирање на полициски службеници за физичка заштита

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvrОд страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) денес до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за обезбедување полициски службеници кои ќе бидат ангажирани на физичко обезбедување на обвинителите при оваа институција.

Имено, со оглед на високиот степен опасност по животот и личниот интегритет при вршењето  на работните задачи во СЈО, од МВР е побаран одреден број полициски службеници како за ЈО Катица Јанева така и за нејзините соработници- обвинители.

Министерството за внатрешни работи ќе го разгледа барањето и благовремено ќе достави одговор до СЈО.

Партнери на Правдико