МВР со зголемени контроли на патиштата | Правдико

Правдико

   

МВР со зголемени контроли на патиштата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija-soobrakaec_2014818143124Изминатиот викенд (12 и 13.09.2015 г.) на територијата на СВР Охрид и СВР Битола, спроведена еакциска контрола од областа на сообраќајот за санкционирање на несовесните возачи со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Имено, на територијата на СВР Охрид од страна на полициската станица за безбедност на патниот сообраќај поради управување автомобил под дејство на алкохол биле исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи на три лица. Поради управување автомобил без стекнато право за управување моторно возило односно без положен возачки испит исклучени од сообраќај седве лица, а поради пречекорување на брзината на движење во населено место односно управување автомобил со над 30 километри на час повеќе од дозволената на шест возачи издадени им се платни налози за наплата на глоба.

Акциски контроли беа реализирани и во Струга, при што не се затекнати возачи при управување моторни возила под дејство на алкохол, додека вкупно четири лица управувале автомобил во населено место со поголема брзина од дозволената.

На територијата на СВР Битола постапувајќи по акциската контрола, вкупно биле стопирани 157возачи, при што извршено е алкотестирање на 114 возачи и утврдено е присуство на алкохол кај 25 возачи, исклучени од сообраќај биле 32 возачи, на 21 возач им се одземени возачките дозволи и издадени се вкупно 28 платни налози. Исто така превземени се 22 мерки по останати прекршоци.

Акциските контроли се реализираат со цел подигнување на безбедноста во сообраќајот, доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и подигнување на степенот на безбедносна култура. Апелираме дека Министерството ќе продолжи со спроведување на засилени контроли на патиштата и превземање мерки за санкционирање на прекршителите на Законот за безбедност на патниот сообраќај и др, особено кај оние возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол и непочитување на максималната дозволената брзина.

Партнери на Правдико