МВР: Тие што имаат закажан термин за биометриски документи ќе бидат примени во кој било термин | Правдико

Правдико

   

МВР: Тие што имаат закажан термин за биометриски документи ќе бидат примени во кој било термин

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради одлуката на Владата за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата (лицата од 67 години ќе смеат да се движат само од 5 часот наутро до 11 часот, a младите лица до 18 години, од 12 до 21 часот ), Управните служби при Министерството за внатрешни работи ги известувааат лицата кои имаат закажан термин за издавање на биометриски документи во времетраењето на забраната за движење, дека истите ќе можат да дојдат во кој било термин надвор од траењето на забраната и истите ќе бидат примени.

На подрачјето на Скопје од 8 до 16 часот ќе работат пунктовите во МРТВ, Беко, Ѓорче Петров, Бутел и Драчево. Управните служби во сите останати сектори за внатрешни работи се со истото работно време, од 8:00 до 16 часот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико