МВР за починатото лице во Волково: Нема видливи траги на насилство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Утрово неколку минути пред 10 часот во полиција било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково, информираат од МВР.
„На местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ.(29) од Скопје, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош“, додаваат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било пратено на обдукција.
Извор: Макфакс