Правдико

   

МВР за престојните праници со зајакнати мерки и активности

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policija-620x264Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, имајќи предвид дека се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување на јавни собири и манифестации, а со цел обезбедвање поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, безбедноста во сообраќајот, обезбедување на државната граница, обезбедување на објекти, личности, ДКП – превзема зајакнати мерки и активности по претходно изготвени планови заради благовремено следење и превземање на конкретни мерки и активности за спречување на истите.

По однос на прославите на престојните празници на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје истите ќе бидат соодветно обезбедени. Притоа, на отворен простор прослави ќе се одржат на Плоштад “Македонија“ и Сквер „Јадран“ додека на затворен простор прослави ќе има во салата на КК “Работнички“ во Градски Парк и во Метрополис Арена на Скопски Саем за што од страна СВР Скопје се предвидени доволен број на полициски службеници од сите организациони единици на СВР Скопје и МВР.

Исто така по однос на сообраќајот, од страна на организаторите на посочените манифестации не се доставени никакви барања за било какви ограничувања или пак затворање на одредени сообраќајници, односно истиот ќе се одвива тековно и без никакви ограничувања.

Воедно од страна на полициски службеници од ОН и од БПС ќе бидат превземени зајакнати мерки и активности на подрачјата на сите Сектори за внатрешни работи со цел превентивно покривање на сообраќајниците и угостителските објекти каде што ќе има организиран дочек на Новата 2016 година.

МВР уште еднаш апелира до граѓаните во текот на прославите на претстојните празници да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не се управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.
МВР, исто така апелира до граѓаните, за евентуалните сознанија и други видови нарушувања истите да ги пријават на телефонските броеви 192, 199 како и на мејл адресата на МВР – kontakt@moi.gov.mk
Во оваа прилика Министерството за внатрешни работи на сите граѓани на Република Македонија им ја честита Новата 2016 година.

Партнери на Правдико