Правдико

   

МВР: За ширење говор на омраза на социјалните мрежи следуваат кривични пријави

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ја информираме јавноста и дека од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во Министерството за внатрешни работи, како што беше пренесено во дел од медиумите.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk

Партнери на Правдико