МЗ:Граѓаните да ги почитуваат мерките за побрз излез од здравствената криза | Правдико

Правдико

   

МЗ:Граѓаните да ги почитуваат мерките за побрз излез од здравствената криза

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат во целост мерките и препораките за заштита од коронавирусот.

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче потенцираше сите граѓани да даваат вистинити и точни информации на надлежните институции, а Министерството за внатрешни работи поинтензивно да врши контроли на терен.

„Сите мора да се придржуваат, без исклучок до препораките и целосно и вистинито да ги даваат сите информации до надлежните. Со криење и со давање невистинити податоци не се постигнува ништо, ниту некој ќе се заштити од болеста, напротив и себеси и најблиските така се доведуваат во голема опасност. Апелирам уште еднаш до МВР поинтензивно да се вршат контроли на терен“, информираше министерот Филипче.

Почитувањето на мерките ќе овозможат побрз излез од здравствената криза. Да се воздржиме од групирање и да ја одржуваме потребната дистанца. Да носиме заштитна опрема и да ги миеме често и да ги дезинфицираме рацете. Да бидеме внимателни. Да го заштитиме личното, но и колективното здравје.

Партнери на Правдико